Saturday, March 2, 2013

ИВАНА -ВОЛШЕБНА МАГИЈА НА АРАПСКИТЕ НОЌИ


Први март ќе остане запаметен по многу нешта , меѓутоа она што привлекува особено внимание е нашата млада и надежна писателка Ивана Поповска.Со особено задоволство таа овие денови се подготвува за промоција на нејзиниот нов роман “ ГИ ДОПИРАМ ЅВЕЗДИТЕ”:..За таа цел денес во арапскиот ресторан Аладин во Скопје,изработи фотосесија збогатена со најразлични орнаменти од Ориентот.Нејзината желба беше на оргинален начин да ги изнесе тие магични чувства што ги допираат чудата на секој поединец, го внесуваат во немирните ноќи на мистичниот свет, толку поразличен од нашиот.Овој настан беше дополнително збогатен со уште двајца професионални манекени кои наизменично го изнесуваа своето искуство и знаење.Треба да си присутен , за да го почувствуваш сиот тој раскош и богатство , таа магична сила што те влече кон мистичното. Привлекува особено внимание и начинот на кој младата писателка го изнесува шармот и раскошот на Ориентот.Таа несебично ни дарува дел од мистиката. Ивана тоа знае да го направи со особено внимание и шарм.За миг ќе се почувствуваш како да ги допираш ѕвездите, ќе те однесе во немирните арапски ноќи.Ќе ја почувствуваш нежната свила, дополнително збогатена со беспрекорна шминка и очи што те внесуваат во магијата.
Подготви : Оливера Ширговска



No comments:

Post a Comment