Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски бил блиску до трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид, пишуваат дел од романските медиуми, пренесува порталот ekipa.mk.
Имено, ваквата сензационална информација ја обелодени веб сајтот „Проспорт“, кој нагласи дека тренерот на „кралевите“ Жозе Мурињо бил иницијатор Георгиевски да го облече дресот на славниот клуб.
Сепак, трансферот пропаднал поради тешка повреда на фудбалерот. Токму поради повредата Георгиевски веќе неколку месеци отсуствува од фудбалските терени
Дека во оваа приказна има и голема доза на вистина говори и фактот дека и самиот Георгиевски бил свесен за интересот на најтрофејниот европски клуб за неговите услуги.
-За мене е огромна чест што луѓето од Реал Мадрид го знаат моето име и ги следат настапите. Нормално дека би сакал да играм за „кралевите“, тоа е сон за секој фудбалер, - изјави Георгиевски за ПроТВ, пренесува ekipa.mk.

No comments:
Post a Comment