Социјалните мрежи веќе почнаа да коментираат, а Македонската телевизија во централниот Дневник објавила дека на претстојната Евровизија во Малме, Шведска, која ќе се одржи во текот на мај 2013-та, Македонија ќе ја претставуваат кралицата на ромската музика Есма Реџепова и популарниот поп пејач Влатко Лозаноски – Лозано.
Се коментира дека станува збор за интересен спој, а за песната јавниот сервис повеќе детали ќе објави наскоро. Што мислите, имаме ли шанси? Годинава, по четири натпреварувања пауза, Калиопи со „Црно и бело“ во Баку Азербејџан успеа да влезе во Евровизиското финале и да го освои 13-тото место.
Превземено од http://www.primetime.mk
No comments:
Post a Comment