Monday, February 11, 2013

НА КАФЕ СО ДАНИЕЛ ДАНН



1..Kако си,како се чувствуваш во овие зимски студени денови?
- Одлично, со оглед на тоа што ја сакам зимата иако за жал снегот и не се задржа долго. Оваа клима е идеална за мене и функционирам без проблем.
2. Дали си зависник од утринско кафе и дали се расонуваш со кафе?
- Зависник не, но најчесто се расонувам со кафе. Сакам да пијам кафе.
3.Дали обожаваш повеќе да пиеш кафе во друштво на твоите пријатели или да пиеш кафе дома сам?
- Утринското кафе сакам да си го пијам сам, а во текот на денот кафето е некако најчест изговор за муабет, дружба со пријателите.
4.Кое е твоето омилено кафе?
- За мене кафе е нашето македонско, турско... не знам кој е вистинскиот назив, но го сакам црно, јако и горко :)))
5..Кои се твоите музички и немузички влијанија, твоите соништа и цели?
- Ги има многу, никогаш не сум ги перцепирал од аспект на тоа како некој влијае на мене и колку, но во изреката “човекот учи додека е жив“ има многу вистина ) Музика, филмови, книги... нешта кои несвесно влијаат на секој од нас, а свесно знам дека многу влијаат моите најблиски и сум им многу благодарен бидејќи знам дека тие ми го посакуваат само најдоброто.
Да се биде среќен треба да е сечиј сон, тоа е она што мене ми е важно. Тоа е мојата цел
6.Каков би бил светот според тебе, доколку во него нема музика?
- Сив, сиромашен и тажен.
7.Твоето име е веќе препознатливо кај женската популација. Како си задоволен од сето тоа?
- Секако дека ми годи вниманието, уште повеќе што им се допаѓа тоа што јас го создавам.
8..И како за крај, што би им препорачал на твоите верни обожаватели и фанови?
- Благодарам за љубовта, за поддршката, за силата... Во мене има уште многу музика, уште многу што да ви понудам, ова е само мал почеток.

No comments:

Post a Comment