Sunday, February 17, 2013

Мистиката и Ориентот прикажани низ призмата на младата писателка Ивана Попвска


Сместено меѓу Малешевски и Влаина планина се наоѓа прекрасното градче Пехчево.Немаше да го споменам , но токму од таму ни доага бисерот....Младата и надежна писателка Ивана Поповска која плени првенствено со својата убавина и внатрешна харизма која и дава посебен шарм.Ја имав таа чест и задоволство да ја запознам и да стане моја пријателка.Ме освои со својот пристап, позитивна енергија и цврст карактер.Таа е млада девојка која знае што сака во животот, делата ги создава со многу емоција , а токму тоа е она што го плени читателот.Овие денови се подготвува нејзината нова книга:Ги допирам ѕвездите: -дело кое на свој својствен и препознатлив начин ги изнесува чувствата и пораките што таа сака да ни ги презентира.За таа цел Ивана овие денови подготвува нешто сосема необично и несекојдневно....Младата писателка подготвува фотосесија која ќе биде општо изненадување за сите, нешто сосема различно и единствено.Инспирацијата ја пронашла во екскузивниот шарм на ориентот и за таа цел ни подготвува уживање проследено со ;индиски сари,богат накит ,прекрасна шминка ....Нејзината желба е да се доближи читателот до нешто несекојдневно, различно , да се доловат тие магични чувства, што ја будат фантазијата.Да го почувствуваш Ориентот во поинакво светло, Ивана тоа ќе го изнесе на свој единствен и уникатен начин .За момент читателот ќе се чувствува возвишен и понесен од убавината и шармот , на кој тешко дека ќе може да се одолее.Потоа следи уште едно изненадување, кое го подготвува со многу внимание и вложен труд....Тоа е промоцијата на нејзината книга што ќе се случи во ,,Арапски ресторан,,.Не случајно токму ова место е избрано за место на случувањето....Самиот ентериер ја доловува мистичноста и возбудливоста на немирните индиски ноќи,со еден збор воопшто убавината и силата на различноста.Ивана тоа ќе ни го изнесе на свој уникатен и единствен начин.
Подготви: Оливера Ширговска - Кичево

No comments:

Post a Comment