Гласините кои што кружеа во јавноста откако беше најавен самиот настан, синоќа станаа реалност.
Имено, синоќа во Њујорк компанијата "Sony" ја претстави својата нова конзола за играње, "PlayStation 4", дури 8 години откако светот за првпат ја виде "тројката".
Како додатоци кои што ќе овозможат "игра од иднината", претставен е контролорот чувствителен на допир, како и опцијата "Споделување", која што упатува на тоа дека компанијата се концентрирала на социјалната интеракција во игрите. Покрај тоа, најавено е и партнерстовото со креаторот на игрите "Blizzardo", пренесува "New York Times".
Новата конзола за играње има Х86 процесор, "исклучително развиен" графички процесор со дури 8 гигабајти меморија и хард драјв чии што спецификации се уште не се споделени со јавноста. Уредот физички не бил прикажан на прес-конференцијата, а причината за тоа бил фактот што истиот се уште не е целосно завршен.
Новиот контролор изгледа многу слично на претходникот, но на врвот има екран чувствителен на допир, дел со чија што помош ќе се идентификуваат играчите, како и опцијата "сподели", која што на играчите ќе им овозможи да ја снимаат својата игра и истата да ја споделат во внатрешноста на мрежата на играчи на Сони или преку популарните интернет страни за играње.
Конзолата ќе има опции за паузирање и продолжување со играта, а од компанијата најавиле дека "PlayStation 4" ќе биде "незабележително интегриран" на таблетите и паметните телефони, преку апликации со кои што играчите ќе можат да пребаруваат игри и да стапуваат во контакт со противниците. Голема е веројатноста новиот уред да не биде компатибилен со старите игри, а од компанијата најавиле дека кон истите ќе може да се пристапи преку стриминг. Покрај тоа, во "PlayStation Store" би требало да биде достапен целосен стриминг на некои нови бесплатни игри.
На конференцијата биле претставени и бројни нови игри, а се уште не е познат износот кој што ќе треба да се издвои доколку во вашиот дом го посакувате овој уред "за игри на иднината". Исто така, се уште не е познат ниту датумот кога новиот "PlayStation 4" ќе биде и официјално пуштен во продажба на пазарот.
No comments:
Post a Comment