Од неодамна нашата млада атрактивна пејачка Софија Манева се врати на Македонската сцена со нејзиниот нов албум “Тишина”
Зад овој албум стојат личности од Кавадарци кои имаат позади себе дела на уметноста.
На нејзиниот нов сингл од истоимениот албум “Тишина” работеа Перо Манев, Тони Соколов - Цока и Софија Манева, додека режисер на спотот е Пепи Ангелов.
Сниман на повеќе локации во градскиот парк во Кавадарци, во спотот учествуваат и членовите на групата Епидемија од Неготино.Овој спот се очекува да заврши со снимањето кон средината на февруари.Обожавателите на квалитетната македонска музика ќе можат да го проследат видео записот преку дистрибутивната мрежа на OnAir.FM Macedonia, веднаш штом биде комплетно завршен.
No comments:
Post a Comment