Sunday, January 6, 2013

Нова песна на Тоше


„Best of Tose Proeski” е името на новиот албум на Тоше Проески, кој ќе биде промоиран на 25 Јануари т.е. датумот на неговото раѓање.
На CD-то се наоѓаат 16 песни кои ја одбележаа неговата кариера.
„Боже чувај ја од зло“, „По тебе“, „Још увјек сањам да смо заедно“, „The Hardest Thing“, „Ден за нас“, „Наслони главу“ и други, но на фановите ќе им биде презентирана и една нова песна „Све је ово премало за крај“. Автор на музиката и на текстот на новата песна е Јелена Трифуновиќ, а аранжманот е на Никша Братош.
Песната е снимена во 2006 година, во домашното студио на Тоше. Таа е само дел од богатото музичко наследство што го остави во своето студио. Аранжманот на „Све је ово премало за крај“ го изработи Никша Братош, најдобриот продуцент и аранжер на Балканот. Тој работи и на новите песни на Тоше, кои ги создаде во текот на својот живот – изјави за Денвник, Славен Ристоски од „Фондацијата Тоше Проески“.
Извор: а1он.мк

No comments:

Post a Comment