Кристијан Пашоски од неодамна професионално се занимава со музика. Тој има само 18 години и само за неколку месеци успеа да направи две прекрасни песни кои имаат свои видео записи, така што полека но сигурно ја освојува македонската естрада.
Неговата прва песна е одлична балада за која што самиот Кристијан е автор на текстот, додека пак за музиката и аранжманот се погрижи Мими Марковски. “Без тебе” е насловот на оваа балада. За видео записот на оваа песна беа задолжени Dream Cast production.
Кристијан неодамна го промовираше неговиот најнов видео запис за неговата нова песна “Играта на љубовта” , кои што повторно беше во соработка со Dream Cast production. Исто така за музиката и аранжманот на оваа песна беше задолжен Мими Марковски, додеkа пак текстот е на Кристијан. Тој со оваа песна оваа година се појави на летниот фестивал во Охрид “Канео фест” , каде што се врати со две награди и тоа трето место од публиката, и трето место од стручното жири.
Ова младо момче не застанува тука, тој се наоѓа на самиот почеток од неговата кариера така што во иднина очекувајте многу новитети и изненадувања од негова страна. Кристијан заедно со неговата екипа периодов работи на неговиот најнов проект кој наскоро треба да се појави во јавноста.
No comments:
Post a Comment