Saturday, January 26, 2013

МЛАДИТЕ СЕ ОПИВААТ ОД ЛИРСКАТА ЉУБОВНА ФИЛОЗОФИЈА НА ИВАНА- проф Вангелко Лозаноски



ИВАНА минатата година се појави со книгата „Во виорите за заљубениот свет„. Во издание на Љубители на литература култура и наука, а оваа година ќе се појави со нова книга „ Ги допревме ѕвездите...ја продолжува успешно својата лирска одисеја.
МЛАДИТЕ СЕ ОПИВААТ ОД ЛИРСКАТА
ЉУБОВНА ФИЛОЗОФИЈА НА ИВАНА
ПЕХЧЕВО, тоа мало гратче во планинските питоми огранци, меѓу небото и земјата, ни открива даровита и племенита поетска личност, која со своите раскаи и песни го осветлува ова возвишено планнинско поднебје, а ја огрева Македонија..
Да се навлезе во тајните на младите, во нивниот заљубен свет, тоа е рззоткривање на нови соѕвездија, кои зрачат кон свеетлата иднина. Да се плени душата на читателот е големо мајсторство на поетесата, со силината и моќта на зборот и мислата, одкраднати од дворецот на мудроста, со филозофијата и одблесоците на поетскиот свет.
Магичната сила на зборот го води читателот надвор од реалноста до силата на хипноза, низ подсвеста., до силината негова, бескрајна- космичка. Со лирските љубовни песни и раскази успешно читателот го внесува низ цветните животни полјани од кои бликаат изворите на искрената љубов, како планинските потоци на Пехчево. Тоа се силни врутоци кои ги полнат најдлабоките простори на животот, жедни за нежноста на топлината и сончевината на искрената, возвишена љубов
Младата поетеса низ нејзинте новели успешно ја разоткрива миризбата на љубовната опивка, која води низ љубовните најинтимните бранувања, како нежни далги кои плискаат од едниот до другиот крај на животот, но под контролата на свеста и совеста. Магичната поезија и проза низ која брануваат љубовните страсти, виреат од длабините на духот до сите пори- идеално слевање на духот на телото. Видливо е дека Ивана е водена од светски подвизи на поетите и пиисателите кои ја воспеале до ѕвездите силината на љубовта..
Фрагмен од рецензијата на проф. Ванѓелко Лозаноски....

No comments:

Post a Comment