Thursday, January 24, 2013

Македонско лице на хрватските модни писти


Јаши е најбараниот модел на хрватските модни писти.
Со само 18 години, младиот тетовчанец успеа да се пробие на хрватската модна сцена.
Јашар Јашари, познат како “Јаши“ за кратко време успеа да ги освои срцата на сите модни критичари во Хрватска кои воопшто не штедеа на зборови кога го фалеа нашиот талентиран сограѓанин. За успесите на младиот модел говори и фактот дека веќе 4 модни агенции се заинтересирани да потпишат договор со него, а во преговори е и за снимање на реклама за голем балкански бренд.
Менаџерот на AsNas Photography, Насер Исмаили уште на првата фотосесија го препознал талентот кој го поседува младиот Јашар и неговите фотографии ги испратил на конкурс за модели во Хрватска. Натпреварот бил проследен од големи модни критичари кои веднаш по претставувањето на кандидатите се одлучиле дека токму ова македонче заслужува шанса за да се појави во големи балкански проекти.
Јашар Јашари е роден на 19-ти март 1994-та година, за себе вели дека е скромно момче кое знае што сака, неговото животно мото гласи: Сакај за да бидеш сакан, а за славните смета дека треба да стојат на земја без разлика колку успеале во животот. Омилени спортови му се: тенис, скијање и пријавање, а кај девојките најважен му е карактерот. Како и сите млади, своето слободно време го троши на интернет, на шетање и уживање со пријателите.




No comments:

Post a Comment