<!–- keepaneye.mk -–> <!–- copyright (c)2011 keepaneye.mk -–></!–-></!–->
Со голема забава во Клуб Колектив, пејачот Јоце Панов во соработка Сити Рекордс го промовираше својот втор албум на српски јазик „Ватрени Печати“. Албумот содржи 14 нови и 5 бонус песни, а истиот може да се набави во сите поголеми музички продавници низ Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Водителката Ирина Кришка во име на „Сити Рекордс“ (најголемата српска издавачка и промотивна куќа) во својот говор го прогласи Јоце Панов за легитимен наследник на Тоше Проески, нивниот прв ексклузивец во 2005-та година.
По промоцијата на албумот, на сцената му се придружи и Џеј Рамадановски со кого направија забава што Србија долго ќе ја памти. Најавената промоција прерасна во осумчасовно ексклузивно шоу за кое менаџерите на Клуб Колектив едногласно се одлучија дека местото на Јоце Панов му е токму таму.
Во меѓувреме, пејачот го очекуваат уште три закажани промоции во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Албумот во Хрватска ќе биде издаден од продукцијата Аквариус Рекордс.
По успешно поминатата промоција, менаџментот на Јоце Панов одлучи да се организира бесплатен автобуски превоз и за следните промоции во целосна организација на маркетинг и пи-ар менаџерот Гоце Маневски.

No comments:
Post a Comment