„Суперхерој на хуманоста"
Тодор „Тоше" Проески познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.
Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно Славејче" во 1992година со песната „Јас и мојот дедо" испеана на влашки јазик. Тоше Проески ја започнува својата музичка кариера на фестивалот "Мелфест" каде во 1997 година победува со изведбата на Yesterday на Битлси.
Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот "Беовизија" со песната "Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.
По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.
Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се одржува во Истанбул, Турција.
Во април Тоше го издава албумот "Ден за нас", двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија.
Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ.
Неговиот следен албум - Божилак - е компилација на 14 избрани македонски народни песни пропратени од симфониски оркестар. Во 2007 година, Тоше го издава и Игри без граници - неговиот последен албум.
Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.
Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.
Телото на Тоше пристигна на аеродромот "Александар Велики" од Хрватска, на16 октомври, околу 23 часот, со хеликоптер на Армијата на Република Македонија. Целата нација со солзи го пречека во родната Македонија, со оглед на тоа дека настанот беше пренесуван од сите национални телевизии. На аеродромот, неговото тело беше пречекано од неговите најблиски и од владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски.
Погребот на најголемата македонска музичка ѕвезда започна утредента во 13 часот, откако претходно беше одржана комеморација пред споменикот Македониум.
No comments:
Post a Comment