Friday, January 25, 2013

Давор Марковиќ: Македонците знаат да препознаат квалитет!


Српскиот пејач Давор Марковиќ неодамна го објави неговиот нов сингл насловен „Прати ме, пратим те“, за кој пред неколку дена промовираше и видео запис. Покрај атрактивните девојки, гостува и водителката Ана Севиќ, а режијата е на познатиот Дејан Миличевиќ. Пејачот го издаде својот прв албум во април минатата година, а познат е по провокативните видео записи во кои често се појавува старлетата Сораја.



- Сега уживам во популарноста која ми расте во Србија од ден во ден и се надевам дека тој успех ќе го постигнам и кај вас затоа што македонската публика знае да препознае квалитет. Среќен сум што работата ми оди добро, а и приватно во љубовта почнувам да бидам среќен. Се радувам што добивам многу повици од Македонија, и наскоро ќе дојдеме со Сораја, изјави Давор Марковиќ.
Прво што му текнува на пејачот кога некој ќе ја спомне Македонија е токму нашата легенда Тоше Проески, потоа центарот на Скопје, добрата храна и одличната публика. Давор во Македонија снимаше видео запис преку кој го промовираше туризмот и нашиот бисер - Охрид. Музичката дистрибуција на видеото ја врши канадската компанија OnAir.FM преку нејзиното претставништво во Македонија, OnAir.FM Macedonia.


No comments:

Post a Comment