Sunday, January 20, 2013

Ве запознаваме со актерите од Solamente Vos




Хулиета е поголемата ќерка на Хуан и Ингрид. Студира на универзитет и е независна. Таа е слабата точка на нејзината мајка и има многу лоша врска со нејзината сестра Даниела. Стапува во врска со верен човек кој веќе има закажано датум за брак со друга жена. 


Даниела е помалата ќерка на Хуан и Ингрид. Учи средно образование. Сака да биде актерка и пејачка. Постојано е во некоја расправија со нејзината поголема сестра Хулиета (Еугенија Суарез (Јасмин од Ангели) ), особено откако ќе се заљуби во Себастиан, бившиот дечко на нејзината поголема сестра. 


Хуан има 43 години, тој е музичар и директор на оркестар. Неговата сопруга само што го остава и го брка од семејната куќа. Хуан е фамилијарен човек и сака да биде добар татко за неговите пет деца. Тој е од средна класа, живее ден за ден, го плаќа школувањето на неговите деца и плаќа сметки за двете куќи што треба да ги одржува. 


Ингрид е бившата сопруга на Хуан. Се разделуваат после 20 години брак. Како мала била актерка, нејзините родители ја носеле на сите аудиции за реклами. Откако ги раѓа нејзините деца, одлучува да ја напушти нејзината кариера. Емоционално е нестабилна, се наоѓа помеѓу љубовта и образата спрема Хуан. Сака дефинитивно да се оддалечи од него, но исто така сака по секоја цена да ја среди ситуацијата. 

Аурора е фризерка која има 33 години. Љубовница му е на Фелис. Заедно се 6 месеци. Живее во еден стан што Фелис и го позајмил (и всушност тој стан и припаѓа на неговата вистинска сопруга). Сака да биде мајка и да формира фамилија, но секогаш го избира погрешниот маж. Аурора е темпераментна жена, има силен карактер. Секогаш гледа кон иднината и е многу позитивна. Иако уште на почетокот чувствува нешто за Хуан, нејзината врска со Фелис ја спречува да има нешто со него.

No comments:

Post a Comment