-Со СРЦЕ КО МРАЗ Тијана ќе се обиде да ги ,,одмрзне,, нашите
срца и би била најсреќна кога оваа тема би не загревала во диско,
по дома, на работа, во автомобил, во продавница...
-Изгрев испеана на Скопскиот фестивал, далечната 2002-ра
година е последното нешто кое сум го испеала на македонски,
кога видов дека поминале десет години, си реков, па не е фер,
така дојде во живот Срце ко мраз
-Ветувам дека за новиот албум нема да чекате толку
Пејачката која одлично плива во водите на српската забавна сцена, а
има македонски корени, по цели десет години се враќа на нашата сцена
со хитовска тема. Насловот на ,,изворната,, песна, чиј автор е Драган
Брајовиќ- Браја е Љуби ми се, Милан Миланов ја препеа во Срце ко мраз, а
за аранжманот се погрижи Марио Милиојевиќ.
Знаете како, времето си поминува, а ние секогаш брзаме да го
направиме уште ова, уште она, па така во тоа брзање и мене ми се
случи дури минатата година да видам дека поминала цела деценија
од моето последно дело на мекедонски, низ смеа ја започнува својата
приказна Тијана Дапчевиќ, - сакав токму оваа песна да и ја подарам и на
македонската публика, мислам дека ќе и се допадне. Изгрев, испеана на
Скопскиот фестивал, далечната 2002-ра година е последното нешто
кое сум го испеала на македонски, иако тоа е една песна на Дојчин која
секогаш ме поместува од место, сепак, не е фер, поминале цели десет
години, ред е за нов подарок за моите македонци, така дојде во живот
Срце ко мраз. Искрено, би била најсреќна кога оваа тема би Ве загревала
во диско, по дома, на работа, во автомобил, во продавница...
Горила е продукцијата која ќе се грижи за кариерата на нашата Тијана
Дапчевиќ овде, во Македонија, а оттаму ни најавуваат уште многу нови
песни, спотови, во план е и сестрински дует, нов албум, ама ајде со ред,
велат од Горила, прво да заживее Срце ко мраз, а потоа ќе продолжиме со
остварување на ветувањата.
No comments:
Post a Comment