Минатата година за стоте најбогати луѓе во светот во никој случај не беше кризна, со оглед на тоа дека во 2012. заработиле вкупно 241 милијарда долари.
Стоте најбогати во светот, според агенцијата Блумберг заедно вредат дури една илјада и деветстотини милијарди долари.
И покрај негативните влијание на глобалната економска криза врз деловните активности, само 16 од 100-те највлијателни луѓе во светот забележале пад на богатството минатата година.
Најголемите богаташи на денешницата се мексиканскиот магнат Карлос Слим Хелу, чие богатство се проценува на 75,2 милијарди долари, потоа Бил Гејтс (Bill Gates) со имот вреден 62,7 милијарди долари и шпанскиот моден гигант Амансио Ортега со 57,5 милијарда долари.
No comments:
Post a Comment