Писателот Џејмс Чепмен направи листа на најчитаните книги на светот базирана на бројката примероци од секоја продадена книга во последните 50 години, пренесува Business Insider.
Тој открил дека досега „Библијата“ е најпродаваната книга на светот, со неверојатни 3,9 милијарди продадени примероци во последните 50 години. На второто место е „Цитати од делата на Мао Це Тунг“ со продадени 820 милиони примероци, додека на третото место се книгите за „Хари Потер“ со 400 милиони продадени примероци.
На четвртото место се наоѓа „Господарот на прстените“ со 103 милиони примероци, потоа „Алхемичарот“ со 65, „Кодот на да Винчи“ со 57, „Самрак“ со 43, „Одвеано со виорот“ со 33, „Помислете и станете богати“ со 30 и на десетото место со 27 милиони продадени примероци во последните 50 години е „Дневникот на Ана Франк“.
No comments:
Post a Comment