Почнува новата школска година во интернатот LAGUNA NEGRA, престижно елитно училиште сместено во истоимената шума. Во него учат децата на најпознатите фактори во Шпанија (политичари, артисти, директори, милионери...). Студентите и професорите се спремни за новата учебна година во интернатот, а и доаѓаат два нови ученика: Маркос и неговата мала сестра Паула, коишто се принудени да започнат нов живот по изчезнувањето на нивните родители (за коишто се мисли дека се мртви). Исто така доаѓа и нова чистачка - Марија, девојка со мрачно минато, којашто има побегнато од психијатриска клиника и не доаѓа сосем случајно во Интернатот, доаѓа да го најде нејзиниот син којшто го родила на 13 годишна возраст, и ја знае само неговата крвна група и датум на раѓање. Од друга страна, студентите ги загрижува исчезнувањето на мистериозниот стар професор Алфонсо. Ти нема да бидат свесни дека влегуваат во опасност, од две организации – една што тражи изгубена слика и друга што зема детски органи.
Wikipedia
No comments:
Post a Comment